Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Напад со нож во близина на училиште во Пекинг- има повредени и деца

28 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нападот се случил во северозападниот кварт Пекинг Хајдијан, пренесе АП. Како што соопшти кинеската полиција, никој од повредените не е во животна опасност.

Осомничен за нападот е 50-годишен маж кој е уапсен на лице место и е под истрага, додаваат од полицијата. Во соопштението се наведува дека нападот се случил до познато основно училиште.

Оваа година во Кина се случија неколку напади со нож, а неколку од нив се случија меѓу училишни деца, потсети АП. Минатиот месец, 10-годишен ученик беше убиен по напад со нож во близина на неговото училиште во јужниот град Шенжен.

Во друг напад, што се случил во јуни на училишна автобуска станица во Сужоу, една жена и нејзиното дете беа ранети, а една Кинеска која се обидела да интервенира била убиена. Напад со нож се случи и на почетокот на октомври кога три лица беа убиени, а 15 повредени во супермаркет во Шангај.

Според АП, Кина има строги прописи кои го ограничуваат поседувањето оружје од приватни лица, па така ножевите и рачно изработените експлозиви се едни од најчестите видови оружје.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ