Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Киев: Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета - Москва молчи

21 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Нападот следува откако Киев ги изврши првите напади со западно орѕжје врз руска територија. Според информациите на украинските власти мета бил индустриски објект во градот Днипро, а балистичката рактеа која наводно била истрелана во близина на рускиот град Астрахан преминала околу 1.200 километри за неколку минути. Информацијата за ракетата попладнево ја потврди украинскиот претседател Зеленски кој обвини дека Русија, на овој начин ја користи Украина како полигон за тестирање на оружје.

-Сите карактеристики: брзина, надморска височина – одговараат на оние на интерконтинентална балистичка ракета. Сите стручни проценки се во тек. Очигледно, Путин ја користи Украина како полигон за тестирање. Очигледно, Путин е преплашен кога до него едноставно постои нормален живот,- - Володимир Зеленски – Претседател на Украина.

Нападот следува откако Украина доби дозвола за користење на далекусежни ракети на руска територија. Дозвола која речиси веднаш беше искористена од украинската војска која истрела серија на ракети на руска територија. Официјална Москва засега молчи за нападот. Информацијата сепак, иако индиректно ја потврди портпаролката на Руското МНР Марија Захарова, на која за време на редовен брифинг со новинарите и беше јавено да не коментира ништо за тоа.

-Да, ало?  /Маша/На брифинг сум. / Нападот на Јужмаш со балистичка ракета за што сите зборат,  не коментираме за тоа воопшто. / Да, добро, благодарам,- - Марија Захарова – Портпарол на МНР на Русија.

Во меѓувреме, ден по тревогата, серијата на странски амбасади, вклучително и таа на САД во Киев, денеска се отворени. Дел од граѓаните пак, велат дека стравуваат од нови и далеку по разорни напади.

- Многу сакам мир. Не сакам нашата држава да страда. Сакам се да биде како порано. Но, без русите, без сето ова. 

- Секој пат кога има сирена за воздушен напад, се криеме во засолништето.

- Јас сум многу исплашена денеска, многу канали на телеграм предупредуваат за многу воздушни напади.

Интерконтинтенталните балистички ракети спаѓаат во категоријата на оружје со долг дострел кое се лансира во вселената и потоа ослобдува една или повеќе боеви глави кои повторно влегуваат во атмосферата за да ги погодат своите цели. Проценките се дека тие имаат минимален дострел од 5 илјади километри, но некои од нив и над 9 илјади километри и можат со себа да носат нуклеарна боева глава.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ