Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Илон Маск ѝ се нафрли на Ангела Меркел, сите сметаат дека објавата е навредлива

26 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се осврна на неодамнешната победа на Доналд Трамп на американските избори, како и на неговиот добар пријател и соработник Илон Маск, поради што влијателниот милијардер веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, поранешна Твитер.

Тој започна исклучително навредлив онлајн напад против Ангела Меркел со цел да го заштити Доналд Трамп. Имено, во неодамнешното интервју за германскиот магазин Der Spiegel, Меркел изрази загриженост за зголеменото влијание на Маск и посочи дека неговата моќ, во комбинација со политичката инволвираност, отвора сериозни прашања за демократската рамнотежа.

Меркел конкретно се осврна на контролата што наводно ја вршел Маск, како сопственик на 60 отсто од сателитите во орбитата, опишувајќи ја како многу „проблематична“.

Таа нагласи дека мора да го заштити балансот меѓу моќниците и граѓаните, а сите овие изјави се најдоа во нејзините мемоари и беа објавени во меѓународните медиуми.

Илон Маск, познат по своите провокативни коментари на социјалната мрежа Х, порано Твитер, во една од своите објави ѝ одговори на Ангела Меркел.

Во својата објава напиша: „Која е оваа личност Ангела Меркин?“. Тој намерно направил правописна грешка бидејќи зборот „merkin“ на англиски се однесува на перика за интимен дел од телото, а таквиот коментар предизвика лавина реакции кај следбениците и многумина го сметаа за навреда.

Реакцијата на Маск предизвика нови дебати за неговиот имиџ и однесување во јавноста, особено во време кога тој, наводно, игра клучна улога во транзицијата на администрацијата на Трамп. Забележано е дека Маск веќе се приклучил на работните групи за избор на нови министри, додека учествувал во разговори со светските лидери, како што е претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Поранешната германска канцеларка, која во минатото наиде на остри критики за нејзината политика кон Русија и зависноста на Германија од рускиот гас, рече дека е загрижена поради влијанието на големите бизнисмени како Маск врз светската политика. Во исто време, таа призна дека пристапот на Доналд Трамп кон меѓународната политика се заснова на „агресивно трансакциска“ филозофија.

Маск, кој постојано ги критикуваше европските политичари на интернет, неодамна го означи канцеларот Олаф Шплц како „глупав“ по неуспехот на неговата трипартиска владејачка коалиција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ