Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Двајца новинари и еден полицаец убиени од банда во главниот град на Хаити

25 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Двајца новинари и еден полицаец беа убиени од банда за време на повторното отворање на една од главните болници во главниот град на Хаити, јавија властите.

Гангстерите отворија оган врз присутните на вчерашната церемонија во областа на Порт-о-Пренс каде владее беззаконие и ефикасно владеат вооружени групи.

Според првичните податоци, целта на бандата била да го спречи повторното отворање на општата болница.

Гангстерите се дел од коалицијата на вооружени групи „Да живееме заедно“.

-Покрај двајцата убиени новинари, повредени се и нивни колеги, изјави претставник на медиумска организација.

Болницата беше затворена на 29 февруари годинава, по нападот извршен од истата група криминални банди. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ