Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Австралија не ги забрани само социјалните мрежи за деца под 16 години- нема Јутјуб, PlayStation

12 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Имено, како дел од предложениот Закон за онлајн безбедност се планира забрана на социјалните мрежи и други платформи за корисници на возраст под 16 години, во кои би биле вклучени мрежи како PlayStation Network, Xbox Live, Roblox, па дури и YouTube.

Согласно законот, социјалната мрежа се дефинира како платформа која овозможува онлајн социјална интеракција помеѓу двајца или повеќе корисници, обезбедува можност за поврзување со други корисници и прикачување содржини.

Доколку платформата ги исполнува овие критериуми, таа се смета за социјална мрежа, која автоматски ги вклучува повеќето услуги за онлајн игри и популарни апликации кои моментално се достапни за младите луѓе.

Мерката, која се очекува да биде воведена за 12 или повеќе месеци, предизвикува загриженост во индустријата, имајќи предвид дека значително ќе влијае на работењето на многу големи компании кои ги водат овие платформи. Прашањето е колку ефикасно ќе може да се имплементира законот, но јасно е дека, доколку стапи на сила, може целосно да ја промени структурата на онлајн платформите достапни за помладите корисници во Австралија.

Оваа иницијатива е дел од пошироките напори за подобрување на безбедноста на младите луѓе на Интернет и намалување на потенцијалните ризици што онлајн платформите можат да ги претставуваат за корисниците на чувствителна возраст.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ