Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Турски државјани во Штип кинапирале сонародници

14 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пресметка на турски студенти во Штип кои киднапирале сонародници за наводен долг.

„На 13.11.2024 во 23.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ч.Т.(50), Ј.Б.Т.(26) и  Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во с.Стар Караорман, штипско.

Тие се сомничат дека претходно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга“, информираат од МВР.

Од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ