Деновиве дознавме
зошто ДУИ е во паника и со параноично однесување сака да предизвика дестабилизација. ДУИ тргна по надолна линија и стои на
стаклени нозе. Тие се обидуваат да ја искористат дестабилизацијата како димна
завеса за да ја замаглат состојбата во нивната партија, велат од ВРЕДИ.
Со своите
инсталации низ секоја институција, оваа партија има една мисија: прикривање на
криминалите и поделбите во своите редови.
Лагите на ДУИ
пукаат како меур од сапуница. Вистината секогаш излегува на виделина, па
поранешниот функционер на ДУИ Азем Авдиу ја откри големата вистина која ВЛЕН ја
кажува долго време. На ДУИ му е потребно кадровски и програмски ремонт.
Не може за една
група на луѓе кои станаа милионери да страда целиот албански народ и судбината
на народот да биде диктирана од неколку корумпирани луѓе. Не може целиот
албански народ да страда заради Соравија на Дрин Ахмети.
Собата 161 им
стана кошмар, во треска се да не се појават СМС пораките во јавноста како доказ
за нечесните понуди што ги имаа да влезат во Влада на местото на ВЛЕН со
половина министерства, без спикерот на Собранието и со ветување за поддршка на
терен да се изберат Македонци за градоначалници на општините во Струга и Кичево
на локалните избори во 2025 година.
Оперативна алатка
на ВЛЕН се соработката и поддршката, а на ДУИ – условувањето и заплашувањето.
ВЛЕН има потреба
од конструктивна опозиција!“ – се вели во соопштението на ВРЕДИ.