Според
концентрацијата на ПМ2,5 и ПМ10 честичките во воздухот, Скопје утрово е четврти
најзагаен град. Пред главниот град на Македонија се Лахор, Пакистан, Делхи,
Индија и Ханој, Виетнам, покажуваат податоците на платформата Ај-кју-ер.
На оваа
платформа, во моментов воздухот во Скопје е означен во категоријата
„нездрав“. Концентрацијата на ПМ2,5
честичките е 74,2 милиграми на еден кубен метар воздух, а на ПМ10 честичките е
85,5.
Концентрацијата
на ПМ2,5 честичките во Скопје е 14,8 пати поголема од годишната вредност на
упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација
(СЗО).
Од градовите во
регионот, најблиску до Скопје е Сараево (шесто место).
И според
податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа на
полноќ во сите скопски општини загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките е над
дозволената концентрација од 50 милиграми на еден кубен метар воздух.
Според овие мерни
станици загаден е воздухот и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица,
Кавадарци и Куманово.