Тендерот за
загубите во дистрибутивната мрежа ќе финишира. Тендерот за загубите во
преносната мрежа ќе биде во текот на следната недела. Тоа се главните елементи
во определувањето на цената. Не би шпекулирал колку и каква ќе биде цената и за
пренос и за дистрибуција на електрична енергија. Прво мора да ги определиме
овие цени, изјави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски за новата цена на
струја која треба да стапи на сила од 1-ви јануари 2025 година.
Тој во утринската
емисија на „Слободен печат“ беше запрашан дали ќе има ценовен шок за граѓаните
или само мало поскапување.
Универзалниот
снабдувач врз основа на трошокот за набавка на струја за домаќинствата и малите
потрошувачи ќе направи пресметка и ќе ја достави до РКЕ за контрола. Тоа ќе
биде во првата половина на декември.
Според
Бислимоски, по Нова година не може да се реализира одлуката за дополнителен час
на евтина тарифа на струјата.
АД ЕСМ денеска
треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за
количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари
2025 година.
Токму од оваа
цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат
потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната
година.
Во моментов ЕСМ
на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и
задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. Од Владата во неколку наврати
најавија дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата по 1 јануари ќе
биде од 58 до 62 евра за мегават час.
Одлуката за
цената веќе е донесена завчера на затворена седница на Владата.