Не е точна веста дека Либерално-демократската партија на
Македонија (ЛДП) ја напуштила коалицијата со СДСМ, вели во изјава за <a href="https://mkd.mk/zajkova-za-mkd-mk-ne-e-tochno-deka-zasega-ja-napushtame-koalicijata-so-sdsm-ldp-prodolzhuva-da-deluva-nezavisno-vo-sobranieto/">МКД.мк
</a>претседателката Моника Зајкова откако вечерва медиумите објавија дека партијата
ја напушта коалицијата со СДСМ.
Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да делувам
независно во Собранието. Либерално-демократската партија е независен политички
субјект, а до локалните избори има уште многу време. За понатамошните чекори и
за тоа како ќе делува ЛДП ќе одлучуваат партиските органи“, вели за МКД.мк,
Зајкова.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Претходно ТВ 21 повикувајќи се на партиски извори пренесе
дека лидерката на ЛДП, Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ иако не
се знае дали ќе ѝ се приклучи на владеачката коалиција предводена од
ВМРО-ДПМНЕ.