На 11.11.2024 во 03:17 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 17 лица мигранти од Сирија, од кои еден бил повреден и од екипа на Итна медицинска помош му била укажана помош.
Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Табановце и се преземаат мерки за расчистување на случајот.