Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ),
минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на
новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни
пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно
означување на пакетчиња кај 4 оператори.
Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното
пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на
производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е
повлекување на истите од промет.
Извршен е преглед на содржината на 62 новогодишни пакетчиња.
Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на
траење до 12.2024 година. Констатирани се и органолептички промени на
производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.
На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено
им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување. За констатираните
неправилности, издадени се решенија за отстранување на неусогласеностите, а
изречени се и соодветни прекршочни пријави.