Државава останува
феномен во однос на купувањето станови, цените растат, станови се купуваат. Тоа
го покажуваат и најновите податоци за третиот квартал од тековната година
откриваат дека граѓаните со сличен интензитет купуваат или продаваат имоти.
Согласно
податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини, во периодот јули -
септември 2024 година во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени
7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на
недвижен имот.
- Бројот на купопродажби регистрирани во
Регистарот на цени и закупнини во периодот јули - септември 2024 година во
однос на периодот јули - септември 2023 година е незначително намален, додека
бројот на закупи е намален за 5 проценти – се посочува во нивната анализа.
Бројките
покажуваат дека во истиот период минатата година, бројот на купопродажби
достигнал 5.545, додека закуп бил направен на 2.070 имоти.
Податоците на
Катастар откриваат дека вкупната вредност на остварените купопродажби на имоти
во третиот квартал од годинава достигнува 237 милиони евра.
Притоа најголем
дел од истругуваните имоти се становите. Само во третото тромесечие биле
продадени или купени 2.115 станови, чија вредност достигнува 128 милиони евра.
Голем интерес имало и за купување земјоделско земјиште. Имено, во овој квартал
биле купени 1.651 парцели, чија вредност достигнува 15 милиони денари, објави
Фактор.
Паралелно со нив,
голем интерес имало и за купување градежно земјиште и куќи.