Од 30 дена, владиниот авион
министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Меѓудругото и за летови до
Ниш. Ваквата искористеност на владиниот
авион сега допринесе за сервис кој чини 1 милион евра кои ќе биде платен од
буџетот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обвинуввањата од
СДСМ.
Воедно да не се
заборави дека Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер
потенцираат тие.
Според нив СДСМ  покажува дека нема никаква визија или идеја за
иднината на Македонија. Нивните празни зборови и бесмислени обвинувања не можат
да ја прикријат нивната неспособност и корупција.
Заради ваквиот
однос на СДС како oвој оваа партија доживеа истприски пораз и забрзано тоне кон
целосна нерелевантност. Во периодот кога тие беа на власт, Македонија беше
сведок на невидена економска стагнација, масовно иселување на младите и
континуирани скандали. Што се однесува до трошоците за кои СДС зборува, тие се
далеку помали од оние кои беа направени во нивното време на власт. Не само што
нивните трошоци беа целосно непродуктивни, посочуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ
истакнуваат дека нема да дозволат криминалците преку лажни обвинувања да го
сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво.
СДС е партија на
минатото, партија која го загуби контактот со реалноста и потребите на граѓаните.
Наместо да критикуваат, нека понудат конкретни решенија за проблемите кои
самите ги создадоа. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нашите ветувања и
продолжува да работи за иднината на Македонија. Најдобриот одговор на нивната
демагогија е нашата посветена работа и резултатите кои ги постигнуваме. СДС
може да продолжи со своите празни напади, но граѓаните веќе ги препознаваат и
знаат кој вистински работи за нив. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи д а се бори за
подобра Македонија, за нашите деца и за идните генерации, стои во реакцијата.
Богданка Кузеска
од СДСМ денеска рече дека речиси 20.000 евра чинеле картите за бизнис класа на
владината делегација.
-Според нашите
информации, За Христијан Мицкоски извршена е нарачка на бизнис карта, цена на
повратен билет 237.072 денари или 4000 евра. Да биде скандалот поголем, тоа не
е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на
министерот за одбрана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а
останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу
4500 евра секоја.