Направената финансиска контрола и попис на Универзитетската
клиника за токсикологија по промената на власта и раководството откриваат крајно неодговорно, недомаќинско и
штетно работење на менаџерските тимови во минатото, пишува Курир повикувајќи се на извори од Клиниката.
Пописот констатирал голема количина на медикаменти со
поминат рок кои во важечкиот период не
биле потрошени, односно биле оставени да станат неупотребливи .
За одбележување е да се споменат 2.500 ( две ипол илјади) кутии таблети Сумамед кои според важечките
цени на пазарот чинат околу 1.210.000 денари или 19.579 евра и 1.349
таблети Бупренорфин од 8
милиграми кои според важечките цени на пазарот чинат 251.472 денари или 4.069
евра или вкупната штета изнесува
1.461.472 денари или 236.48 евра, дознава ексклузивно Курир.
И покрај тоа што таблетите Сумамед се заведени како
донација, а таблетите Бубпренорфин се набавуваат преку програмите на
Министерството за здравство, овој пропуст и неодговорно работење е на штета на
здравствениот систем и буџетот на Република Македонија.
Индиректна штета ќе претрпи и Универзитетската клиника за
токсикологија бидејќи со средства од сопствениот буџет ќе мора овие медикаменти
кои се неупотребливи да ги уништи во строго предвидена, скапа процедура,
посочуваат изворите за Курир.
Еден од основаните сомнежи е дека во можна спрега меѓу
веледрогерии и клиниките се земани лекови со поодминат рок, медикаменти кои и
онака веледрогериите наскоро ќе требало да ги уништат. Истражните органи ќе ја
докажат вистината во овој најнов скандал во македонското здравство.