<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Министерот за
надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари средба
со новоизбраниот заменик – генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Министерот
Муцунски ѝ упати искрени честитки за изборот на оваа висока и значајна
функција, која претставува признание за нејзиниот досегашен ангажман и потврда
за меѓународната репутација на Македонија како активна и посветена членка на
НАТО.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Во текот на
разговорот, министерот изрази уверување дека нејзината улога ќе придонесе за
дополнително зајакнување на Алијансата и унапредување на соработката меѓу
земјите членки. Тој ја потврди посветеноста на Македонија на заедничките цели и
вредности на НАТО, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи да дава активен
придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко.</span>