Од 2016 година била
вработена во гевгелиската болница на работното место доктор на медицина, без да
има лиценца од Лекарската комора ниту пак завршен Медицински факултет, а болницата
ѝ исплаќала плата за општ лекар и надоместок за одвоен живот, а таа немала
завршено Медицински факултет, туку била вработена како „доктор“ за фалсификати
Седум години се
загрозувале животите на пациентите преку лажна докторка.
Слободен печат
пишува дека во папката со документите за вработената А.А (името е познато на
порталот) во болницата во Гевгелија, не може да се најде високо-квалитетниот
фалсификат на уверението за дипломирање на Медицинскиот факултет во Скопје,
приложен во 2016 година. Таа папка денеска е испразнета. Ги нема ни
фалсификуваните и измислени оценки од ова уверение. Го нема ни уверението за
наводно положен стручен испит пред комисијата на Лекарската комора со кој оваа
девојка навистина би станала докторка во 2016 година, како што сакала да мислат
другите.
А.A.
специјализацијата ја запишала на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, далеку од
Медицинскиот факултет во Скопје, каде истовремено била студентка на општа
медицина запишана во 2007 година.
Повеќе од 7
години, оваа жена се претставувала како дипломирана докторка, до степен и
самата да си поверува на сопствената приказна, исто како што ѝ поверувале и тие
околу неа – болницата со Управниот одбор, комисијата за специјализации,
Министерството за здравство, Штипскиот Универзитет, Деканатот на Медицинскиот
факултет во Скопје. Едноставно, ниту една од овие институции не се обратила до
Лекарската комора да провери дали навистина кандидатката за вработување која
подоцна станала и избрана кандидатка за државна специјализација – има валидна
диплома за завршен Медицински факултет. Во архивата на Штипскиот Универзитет,
Болницата во Гевгелија испратила само фотокопии од „документите“ за
квалификациите на А.А. Такви, очигледно може да се изработат и на домашен
компјутер.
Опасната игра
завршила со домино ефект со многу консеквенци, неодамна, односно на крајот на
летото. Тогаш целата професионална медицинска заедница, сите вработени во
Болницата Гевгелија, но и целиот град, почнуваат да шушкаат дека нешто
скандалозно не е во ред со специјализацијата на докторката. А.А. пак, почнува
да не оди на работа, а никој не знае со сигурност зошто, а уште помалку знаат
дека е отпуштена во канцеларијата на неодамна назначениот директор, доктор
Патрик Матх.
Повеќе