СДС и ДУИ се едно
исто. И двете партии ги користат најчувствителните теми во општеството за ситни
политички поени и за лично богатење на поединци. СДС долго време се криеше зад
флоскулата „едно општество за сите“, за од друга страна да ги направи
најголемите и најдлабоките поделби во македонското општество. Додека го делеше
македонското општествено ткиво, лицата на чело на СДС, како Зоран Заев и Венко
Филипче и нивните браќа, правеа милиони, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Исто и ДУИ додека
се повикуваше на Албанците и себеси се промовираше како нивен најголем и
единствен заштитник, Албанците од Македонија масовно се иселуваа. Додека од
уста не ги извадија правата на Албанците, раководството на ДУИ меѓу кои Артан
Груби, си ги полнеа џебовите. Артан Груби и ДУИ единствено што направија за
Албанците е што ги злоупотребија за тие да се богатат.
Додека Артан
Груби крадеше, ДУИ ги убедуваше сограѓаните Албанци дека се бори за нив. А,
секој изминат ден на ДУИ на власт беше причина повеќе Албанците, исто како и
Македонците, да си заминуваат од државата.
Груби и ДУИ
секогаш биле само и само за заштита на интересите и џебовите на поединци, а не
за Албанците и најмалку за Македонците.
СДС знаеја за
криминалот на Груби, на кој прво му дадоа одврзани раце да краде, па потоа му
се приклучија и заеднички се богатеа на грбот на народот. И уште една причина
поради која СДС молчеше за криминалот на Груби, е затоа што така се држеа на
власт.
И се така седум
години народот осиромашуваше, државата се пљачкаше, а челниците на СДС и ДУИ се
богатеа. Коалицијата на СДС и ДУИ, беше криминална коалиција од интерес за
ограбување на Македонија, а за лично богатење на нивните луѓе.
Затоа и се
поддржуваа седум години. Но, СДС и ден денес одработува за Груби, кои наместо
да се дистанцираат од него и да го повикаат да се врати да се соочи со правдата, тие држат
прес-конференции смислувајќи разно разни приказни.
Наместо уште да
му служат на Артан Груби, СДС да им се извини на македонските граѓани за
сервилноста и грабежот на Македонија, стои во соопштението.