За ова молчеше со месеци!!
Во едно од последните интервјуа светската музичка ѕвезда Шакира откри кој пејач и помогнал за време на драматичното и тешко раскинување со емотивниот партнер славниот фудбалер Жерар Пике.
Колумбиската ѕвезда за списанието Ролинг Стоун изјави дека тоа е фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Таа сподели дека се зближиле додека таа минувала низ тешко раскинување.
„Тој беше тука за мене кога раскинав и кога бев скршена. Ме проверуваше секој ден и ми испраќаше зборови на поддршка", истакнала Шакира.
Шакира истакна дека нивното пријателство трае долго и му испрати убави зборови на својот голем другар.
„Го доживувам како личност која го гледа животот низ друга призма, која е чувствителна на туѓите потреби и многу емпатична“, додаде таа.
Нивното пријателство започна во 2014 година за време на шестата сезона на музичкото натпреварување The Voice, каде што Крис Мартин беше гостин ментор во шоуто.