Се вели „крушата под круша паѓа“, а дека има многу вистина во оваа народна е доказ и 8-годишниот син на Дени од Браво бенд, малиот Андреј.
Имено, Андреј од мали нозе покажал талент за музика, а веќе некое време е дел од музичкото училиште Крешендо, каде изучува пијано и музички се образува. И се си одело, што се вели, како подмачкано, додека не дошол завршниот концерт во Филхармонија, на кој третоодделенецеот Андреј требало да покаже што научил. Е тука почнале маките за тато Дени кој, со оглед на тоа дека прв пат го гледа својот наследник на сцена, „пукнал“ од трема.
„Буквално се тресев од трема, мислам дека јас и сопругата бевме повозбудени од Андреј, кој како вистински професионалец си го одработи својот дел. Среќен сум што покажа желба и талент за музика и, нормално, како и секој родител сум горд на своето дете“, вели Дени кој заедно со сопругата Тина го следеле настапот од првите редови.