Неговата болест влијае на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, а како што објаснува таа, а неговото семејство е тука за него.
- Тој функционира стабилно, што е и добро и тешко во оваа ситуација. Има болни денови, но има толку многу љубов. Навистина ми покажа дека ниту еден момент не земам здраво за готово и навистина мислам дека би биле најдобри другари – изјави таа во интервју за „Today“.
Исто така, таа додава дека во неа секогаш препознавала елементи од неговата личност и дека знае дека тие би биле толку добри пријатели само да имаат повеќе време.
Животот на нејзиниот татко со оваа дијагноза, исто така, ја научил најмладата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур да ги цени моментите што сè уште ги има со нејзиниот татко.
- Мислам дека е многу горд на мене. Мора да бидете таму во моментот. Мора да бидете присутни – наведува таа.
Неодамна проговори и за „Е!“, кога изјави дека е свесна за љубовта која владее во семејството.
- Знам дека знае колку го сакам, и знам колку ме сака мене. Знам колку нѐ сака сите нас – рекла таа.
Исто така, неговата поранешна сопруга Деми Мур им дала неколку совети на своите деца кога е во прашање состојбата на нивниот татко.
- Секогаш им велам на децата дека треба да искусат некого во моментот каде што се наоѓаат. Не треба да се срамите од тоа што некогаш сте биле или што сакате да бидете, туку што сте и какви сте сега – изјавила актерката.