Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Адвокатите повторно бараат ослободување на раперот Паф Диди

25 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ексцентричниот рапер кој беше познат по врсдките со познатите девојки и организацијата на „луди“ забави сега се соочува со повеќе од 120 обвиненија за сексуална злоупотреба, употреба на дрога и трговија со луѓе.

Адвокатите на раперот Шон Комбс, попознат како Паф Диди, бараат од судијата да го ослободи од затвор, тврдејќи дека тој не е опасност за заедницата за која обвинителите тврдат дека е. По речиси два часа рочишта, судијата Арун Субраманијан рече дека ќе донесе одлука за барањето за кауција следната недела.

Судијата им наредил на двете страни да поднесат писма до понеделник напладне за да одредат во каков тип на комуникации може да се вклучи Комбс, откако обвинителите рекоа дека се обидел да влијае на потенцијалната порота и да ги измами сведоците.

Комбс е во федерален притвор од неговото апсење во септември. Неговото судење за сексуална трговија, заговор за рекет и обвиненија поврзани со проституција треба да започне следната пролет. Тој се изјасни за невин. Инаку, ова е третпат неговите адвокати да бараат кауција, откако двајца претходни судии констатираа дека не се исполнети условите за нејзино одобрување.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ