Овој декември ќе започне есенско-зимската турнеја на Владимир Четкар во САД каде тој ќе се претстави со својата авторска музика во некоi однајпрестижните американски музички клубови.
Набрзо Четкар патува за Њујорк каде на 6 декември ќе одржи концерт во музичкиот клуб Chelsea Table and Stage. На 13 турнејата продолжува во Детроит во џез клубот Aretha'sJazz Cafe at the Music Hall, а наредниот ден, 14 декември тој ќе одржи концерт во BOP STOP во Кливленд. Веќе на 27 ќе настапи во градот Колумбус во Natalie's Grandview а на 8 декември во Сан Франциско во џез клубот Black Cat. Турнејата на Четкар ќе заврши во Чикаго на 10 јануари со настап во Skadarliya.
Македонскиот композитор, аранжер, продуцент, гитарист и вокалист неодамна го издаде својот најнов авторски студиски албум 'Let Us Be' ексклузивно во Јапонија преку познатата јапонска музичка куќа P-Vine Records и се здоби со извонредни критики и радио поддршка ширум Јапонија. За брзо овој албум ќе се издаде и надвор од Јапонија, а паралелно со неговото издавањето ќе се издадат и ремикси од авторски композиции на Четкар сработени од светски познати ди-џеј продуценти.
Четкар е единствениот Македонски музички автор и изведувач кој својата музика редовно ја издава и продава во Јапонија и Јужна Кореја преку некои од најголемите тамошни музички куќи.