Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ била претепана денеска во Белград, дознава<a href="https://www.kurir.rs/stars/9506357/pretucena-sloboda-micalovic"> Курир</a>.
<a href="https://www.blic.rs/zabava/vojin-cetkovic-dosao-na-mesto-incidenta-nakon-sto-je-sloboda-micalovic-pretucena/xw49rgy">Блиц</a> пак, пренесува дека жена со иницијали С.Д.(47) пријавила во полиција дека актерката Слобода Миќаловиќ ја удрила со автомобил.
Слобода случајот го пријавила во полиција. И жената С.Д. случајот го пријавила во полиција.
Војин Ќетковиќ, сопруг на актерката Слобода Миќаловиќ кој вечерва дошол на местото на инцидентот во Земун, разговарал со полицајците, што го снимила екипата на „Блиц“, а потоа се упатил во Ургентниот центар.
Инцидентот се случил вечерва, а жена со иницијали С.Д.(47) пријавила во полиција дека актерката Слобода Миќаловиќ ја удрила со автомобил додека го паркирала својот автомобилот.
Во телефонската пријава до полицијата, жената тврдела дека актерката со автомобил ја удрила во десното колено.
Слобода Миќаловиќ тоа го демантира и изјави дека по расправија на паркингот жената ја влечела за коса и ја извлекла од автомобилот.
На местото на настанот пристигнале службите за итна помош и полицијата.
Актерка моментално се наоѓа во Ургентниот центар каде и е подложена на детална дијагностика.