Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Во Англија почина најстариот маж на светот (ВИДЕО)

26 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тинисвуд починал вчера во пензионерски дом во Саутпорт, северозападна Англија, опкружен со „музика и љубов“, изјави неговото семејство за Гинисовата книга на рекорди. „Џон имаше многу квалитети. Беше интелигентен, решителен, храбар, смирен во секоја криза, талентиран за математика и одличен разговорник“, велат тие.

Роден бил во Ливерпул во август 1912 година, каде на танц ја запознал својата сопруга Блодвен. Тие се венчале во 1942 година среде Втората светска војна, кога тој служел во платежниот корпус на Кралската армија, кој бил одговорен за финансии и снабдување со храна.

Тинисвуд, кој останал со ќерка, четири внуци и три правнуци, подоцна работел како сметководител во нафтената индустрија, пензионирајќи се на 60-годишна возраст. Неговата сопруга починала во 1986 година.

Од 100 до 110 години, секоја година добивал роденденска честитка од покојната кралица Елизабета, која била 14 години помлада од него. Освен што секој петок ја конзумирал својата омилена храна - пржена риба и чипс, Тинисвуд не следел некоја посебна диета.

Дури и во пензија, тој бил постојано ментално активен, следејќи ги вестите и менаџирал со своите финансии, што можеби придонело за неговата долговечност, се вели во Гинисовата книга на рекорди.

Кога во април оваа година бил информиран дека ја добил титулата најстар човек на светот, Тинисвуд изјавил дека нема голема тајна за неговата долговечност и дека верува дека едноставно е роден под среќна ѕвезда. „Живеете долго или живеете кратко... и нема многу што можете да направите за тоа“, рече тој тогаш.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ