ТикТокерката Кејтлин Ордон сподели смешно видео на TikTok кое совршено доловува каков е животот како мајка на мало дете. Снимила смешна ситуација со малиот син.
Оваа мајка му рекла на детенцето да не се валка додека си игра надвор, на што тој одговорил со кратко „ок“. Меѓутоа, она што следеше беше сосема спротивно. Момчето скокнало во калта, ги извалкало чизмите, пелените, маицата и лицето, но најважно е дека одлично се забавувало.
Кејтилин не била изненадена што сето тоа заврши вака, бидејќи не е првпат да го капе момчето по играње надвор, пред да продолжи да игра безгрижно во куќата. Погледнете го слаткото видео подолу.