Откако повеќе од 420 жени го обвинија поранешниот сопственик на луксузната стоковна куќа „Хародс“ и египетскиот милијардер Мохамед ал Фаједа за силување или сексуална злоупотреба, сега десетина мажи кои работеле за Фајед се јавија да поднесат и пријави за злоупотреба.
Според Дејли мејл, тие го обвиниле поранешниот шеф за малтретирање, вознемирување и хомофобично злоставување. Некои од нив се работници во Хародс, а некои работеле за други фирми во неговата деловна империја, но сите откриле дека заради нивните ужасни искуства со него страдале од ПТСН (посттрауматско стресно нарушување) и траума.
Со наводите за силување и сексуална злоупотреба против Мохамед ал Фаед се занимава групата „Правда за преживеаните жртви од Хародс“.
„Неколку мажи сега се вклучени во правна постапка, иако видот на злоупотреба е различен. Многу од нив дадоа слични изјави дека биле малтретирани, понижувани и неправедно отпуштени или деградирани поради Фајед. Честопати мораа да ја напуштат компанијата откако ќе проговорат“, рече добро упатен извор, пренесува Дејли мејл.
Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, во септември беше прогласен за сериски сексуален предатор, а Хародс, кој сега е во сопственост на Катар, е згрозен од обвинувањата и јавно им се извини на жртвите на злоупотреба за однесувањето на Фајед и во моментов е работи со повеќе од 250 лица во процесот на подмирување на барањата за отштета поради наводната сексуална злоупотреба на Ал Фаед.
Полицијата во моментов истражува 60 пријави за сексуална злоупотреба, а детективите од Сари истражуваат уште еден наводен напад што бил пријавен.
Да потсетиме дека низа обвинувања против Ал Фаед се појавија откако Би-би-си ги објави резултатите од својата истрага. Полицијата тврдеше дека добила 60 обвиненија против Ал Фаед по емитувањето на документарниот филм на Би-би-си, вклучително и наводи за силување и сексуален напад. Дури 21 жена го пријавила Ал Фаед во полиција за време на неговиот живот, помеѓу 2005 и 2023 година, обвинувајќи го за сексуално злосторство.