На социјалната мрежа Инстаграм се појави <b>лажен профил ivona.tal1</b> кој го користи името и презимето на познатата новинарка Ивона Талевска и нејзината профилна слика од официјалните сметки кои таа ги има на Фејсбук и на Инстаграм.
-Ова е лажен профил, објави Талевска на Инстаграм, во обид да се спречи злоупотреба од злонамерните кои го отвориле лажниот профил.
-Ми пиша една другарка, вели - види, сомнителна ми беше пораката, знам дека ваква порака никогаш не би ми напишала ни мене, ниту некому друг - и ми прати принтскрин од лажниот профил, наведува Талевска.
Со вакви лажни профили и лажни вести, пред некое време мета на злоупотреба беа познатите новинари Драган Павловиќ Латас, Александар Видиновски и Бранко Героски.
Освен што беа ширени лажни вести, многу граѓани почнаа да уплаќаат и пари на тие лажни профили.
Латас, Видиновски и Героски неколкупати објавуваа дека се работи за лажни профили и лажни вести и апелираа граѓаните да бидат внимателни што кликаат на интернет и на социјалните мрежи.
Дигиталната писменост е клучна во превенирањето на дигиталните злоупотреби и измами кои стануваат се почести.