Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Најстариот фосил од полноглавец пронајден во Аргентина

31 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Стручњаците велат дека остатоците од праисторискиот жив организам се добро сочувани, а некои од меките ткива, како што се черепот, 'рбетот, па дури и очите и нервите, останале недопрени. Биологот Маријана Чуливер од Универзитетот „Мајмонидес“ во Буенос Аирес, Аргентина, се согласува дека откритието е најстариот досега забележан фосил од полноглавци.

- Ова не е само најстариот познат фосил од полноглавец, туку и најдобро сочуваниот. Ова е многу важно, во смисла - да ни помогне да ја разбереме исхраната и начинот на живот на овие суштества... Имајќи предвид дека полноглавецот му припаѓа на изумрен вид жаба „notobatrachus degiustoi“ (нотобатракус дегиустој), анатомијата на овие полноглавци е неверојатно слична на некои видови жаби денес, рече д-р Чуливер.

Таа додаде дека фосилот долг 16 сантиметри може да помогне во научното разбирање на еволуцијата на жабата. Откритието и наодите се објавени во списанието „Нејчр“ (Nature).  

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ