Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо се соочува со обвинувања за неплатени сметки за естетски интервенции.
Имено, според „Сан“, Кристијано Роландо му должи на лекарот Рошан Равиндран близу 50.000 евра за третманите кои му ги правел додека фудбалерот играше за Манчестер Јунајтед во 2021 и 2022 година, а кој неодамна го постигна својот 911 гол.
Тој го обвинува славниот фудбалер, португалски репрезентативец дека му должи филери за ботокс, нега на кожа и подигање веѓи, а поднел и тужба, пренесува Сан. Докторот не ја спомна сопругата на фудбалерот, Георгина Родригез, но рече дека тој работел „за Роналдо и членовите на неговото семејство во неговата клиника Чешир“.
Запрашан за коментар, д-р Рош рече дека во тек е судски процес и дека, како професионалец, не сака да зборува за пациентите. Изворот исто така рече дека „д-р Рош е високо почитуван експерт и дека неговата работа стои зад многу личности, вклучувајќи врвни политичари, кралски семејства, спортски и холивудски ѕвезди“.