Свеќници од 18 век, кои припаѓале на мадам Де Помпадур, љубовницата на францускиот крал Луј XV, се откриени во хотел во Јоркшир и се проценети на 1 милион фунти, објави денеска „Гардијан“.
Речиси 140 години, четирите масивни ѕидни свеќници од позлатена бронза виселе во дневната соба од 18 век во замокот Свинтон во Јоркшир, која подоцна била претворена во луксузен хотел.
Иако четирите ѕидни свеќници не се потпишани, се верува дека се направени од скулпторот Жак Кафиери.
„Ваквите предмети не се појавуваат секој месец. Тие се многу убави, апсолутно неверојатни. Тие сведочат за големиот покровител на уметноста, а мадам де Помпадур секако била“, рекол Жоао Магаланес, француски и италијански специјалист за мебел.
По девет месеци истражување на француските продажни сметки и записи за залихи, тој рекол дека ја следел патеката на свеќникот до домот на мадам Де Помпадур, прво до Версајската палата, а потоа до замокот Креси, западно од Париз, на имот што и го подарил кралот.
Жанет Антоанета Појсон, маркизата од Помпадур, позната како мадам Помпадур, била официјална главна љубовница на Луј XV, како и негова помошничка и советничка.
Била главна политичка фигура во францускиот кралски двор во Версај и покровител на декоративната уметност и архитектура, како и спонзор на многу филозофи и писатели на просветителството, вклучувајќи го и Волтер.