Снимка на која фризер си ја врши работата на оригинален начин предизвика низа коментари на интернет. А така е, верувале или не, затоа што тој користи сатар наместо ножици.
<b><i>„Како ли средува веѓи“</i></b>
Фризерот ја скратува косата во неколку потези, а потоа ја применува техниката „фино сечкање“ на врвовите. Секако дека се шегуваме, но факт е дека целата работа е завршена за 30 секунди.
Не знаеме дали клиентот бил среќен, бидејќи видеото е прекинато, но гледачите биле инспирирани да дадат хумористични коментари.
„Баш би сакал да видам како средува веѓи“, напишало едно лице под видеото, додека друго додало: „Сега обиди се да го направиш тоа со кратка коса“.