<b>ОВЕН</b>
Љубов: Се обидувате да дешифрирате нечии емотивни сигнали или тајни кодови, но имате впечаток дека вашите напори не го даваат посакуваниот ефект.
Работа: Сфаќате дека вашите идеи се разликуваат од мислењето на мнозинството, но не можете да прифатите некои просечни стандарди за кои се залагаат вашите колеги.
Здравје: Важно е околу себе да гледате среќни и задоволни лица.
<b>БИК</b>
Љубов: Избегнувајте чувствителни теми кои се вовед во нова дискусија со саканата личност. Нема потреба строго да судите за нечии грешки.
Работа: Погрешно поврзувате нови настани на деловната сцена, а нечие однесување толкувате во согласност со вашите лични потреби.
Здравје: Преголемата грижа лошо се одразува на вашата психичка состојба.
<b>БЛИЗНАЦИ</b>
Љубов: Без разлика на емоционалниот неуспех или грешката што сте ја направиле, избегнувајте ја опцијата за самоказнување и изолација.
Работа: Ништо не добивате со игнорирање на деловните проблеми, линијата на помал отпор не води во насока на позитивни решенија.
Здравје: Слободното време посветете го на семејството и пријателите.
<b>РАК</b>
Љубов: Упорно барате излез од емотивната ситуација која почнува да ве оптоварува. Почекајте да се искристализираат вашите впечатоци и мисли.
Работа: На новите деловни предизвици успевате да одговорите со добро осмислени тактики. Треба јасно да ги дефинирате вашите ставови за вредносните критериуми.
Здравје: Применете една од техниките за психофизичка релаксација, опуштете се.
<b>ЛАВ</b>
Љубов: На моменти делувате премногу мистериозно, но партнерот нема доволно интерес или волја да ги дешифрира вашите мисли.
Работа: Умеете да воспоставите добра деловна контрола и да ги насочите настаните во насока што носи практични резултати.
Здравје: Зрачите со позитивна енергија и добро расположение.
<b>ДЕВИЦА</b>
Љубов: Ве возбудуваат нови емотивни игри во врска со блиска личност, особено кога работите се случуваат по ваша мерка или вкус.
Работа: Соберете околу себе тим од докажани соработници, со цел на најдобар начин да разработите успешна деловна стратегија.
Здравје: Ќе уживате повеќе часови добар сон, внимавајте на соништата.
<b>ВАГА</b>
Љубов: Ви следи лош дијалог во врската со саканата личност, меѓу вас има различни интереси и стандарди на вредност.
Работа: Мотивирани сте за нов деловен успех, затоа прифаќате конкурентна атмосфера или идеја која ви ја предлага некоја влијателна личност.
Здравје: Нема потреба да се грижите за некои грди настани или лоши претчувства.
<b>СКОРПИЈА</b>
Љубов: Не треба да се грижите за моменталната недостиг на инспирација, туку за нечии задни намери и емоционална каприциозност.
Работа: Секој треба да формира листа на приоритетни цели и ефикасно да го заврши својот дел од деловните обврски. Преземете одговорност.
Здравје: Важно е рационално да ги користите времето и енергијата.
<b>СТРЕЛЕЦ</b>
Љубов: За жал, љубовниот партнер не може да ги исполни сите ваши слатки соништа. Сакате поголемо разбирање и бескрајно внимание.
Работа: Нема потреба да ги докажувате своите способности во погрешни ситуации или кога нема услови за деловна еднаквост.
Здравје: Секогаш има добар излез, зачувајте го личното достоинство и самодоверба.
<b>ЈАРЕЦ</b>
Љубов: Иако сте во чувствителна емотивна фаза, нема потреба да ја нервирате саканата личност или да пренесувате нервоза.
Работа: Ве лути нечие круто однесување или неправдата што ја доживувате во друштво на деловни партнери. Избегнувајте непотребни сметки и обврски.
Здравје: Важно е да ги смирите страстите и да побарате добар совет.
<b>ВОДОЛИЈА</b>
Љубов: Склони сте кон чести промени на расположението, можете да заблескате или наеднаш да се повлечете во светот на тишината.
Работа: Успехот подразбира добри информации за различни аспекти и добро осмислена акција. Оценете го најдобриот момент за иницијативата.
Здравје: Делувате напнато, релаксирајте се.
<b>РИБА</b>
Љубов: Одеднаш сте соочени со иронична ситуација, нечиј гест изгледа како погрешен емотивен сигнал. Непотребно се дистанцирате од саканата личност.
Работа: Нема потреба да се инсистира на лидерска позиција меѓу соработниците. На работа секогаш се препознаваат вистинските експерти.
Здравје: Избегнувајте стресни ситуации и тежок обем на работа.