Група пријателки станаа вирални со пресоздавање фотографија од нивниот прв заеднички одмор - повеќе од 50 години подоцна
Пријателките ги освоија срцата на луѓето ширум светот откако повторно објавија фотографија од нивниот прв заеднички одмор пред повеќе од половина век.
Фотографијата на која се Керол Ансбро (70), Мерион Бамфорт (69), Сузан Морис (69) и Мери Хеливел (69), е објавена во Телеграф & Аргус, и дојде до 4,3 милиони луѓе. Таа допре многумина и ги охрабри да размислуваат за важноста на долготрајните и посебни пријателства.
Пријателките од Халифакс првпат отишле на заеднички одмор во Торки, Девон, во 1972 година.
Толку многу уживале во својата недела на плажа што ветиле дека ќе го повторат искуството кога ќе почнат да го слават својот 70-ти роденден.
Сега тие се вратиле на истото место за да го рекреираат своето скапоцено сеќавање - па дури и облекле идентични или слични комбинации како на оригиналната фотографија.
Овој момент пријателките го опишале како „емотивен“, а објавата на Фејсбук предизвика многу коментари.
„На младите им е толку тешко да видат нешто друго освен „стари дами“ и не можат да замислат дека некогаш биле апсолутни убавици во мини здолништа! Во главата остануваме исти - стареете само однадвор, а не во умот! "
„Колку е прекрасно, не многу луѓе остануваат во контакт толку долго. Продолжете така дами. Одлична работа.“
„Фантастичната фотографија треба да стане вирална за сите оние девојки кои мислат дека нивните баби никогаш не уживале во животот.
Оваа фотографија инспирираше многу други луѓе да го сторат истото.