Најголемите
светски прехранбени компании како PepsiCo, Nestle и Unilever продаваат
производи во земји со ниски приходи кои се помалку здрави во споредба со
производите што ги продаваат во побогатите земји.
Имено, ова се
наведува во објавениот извештај на непрофитната организација Access to
Nutrition Initiative (ATNI).
За анализата,
организацијата го користела системот за оценување „Health Star Rating“, кој ги
рангира производите на скала од еден до пет во зависност од тоа колку се
здрави. Оценката над 3,5 се смета за здрав избор, а петката е највисоката
оценка.
Експертите
заклучија дека просечната оценка за производите на глобалните прехранбени
компании што се продаваат во земјите со ниски приходи е 1,8, додека нивните
производи што се продаваат во побогатите земји добија просечна оценка од 2,3.
Јасно е дека она
што го продаваат компаниите во најсиромашните земји во светот не се здрави
производи, изјави директорот за истражување на АТНИ за Ројтерс.
Индустриски
преработената храна игра сè поголема улога во порастот на дебелината ширум
светот. Светската здравствена организација проценува дека повеќе од една
милијарда луѓе се со прекумерна тежина, а Светска банка проценува дека 70 отсто
од дебелите луѓе живеат во земји со низок и среден приход.
Nestle одговори
на извештајот со изјава во која вели дека компанијата е посветена на
зголемување на продажбата на производи со погуста исхрана, додека портпаролот
на PepsiCo одби да ги коментира тврдењата на извештајот, додаде британската
агенција.