Голем скандал се случи на Европското првенство во таеквондо за деца кое се одржува во Тирана, а видеото од тренерот како му удира шамар на девојче ги обиколи сите медиуми низ Балканот и пошироко.
По поразот на 8-годишната Валина Фетиу од Косово од Србинка, тој ја фатил за кацига натпреварувачката која ја тренира, ја соблекол, па на запрепастување на сите и удрил шлаканица.
Сега се огласи и објасни за што се работи, а неговите зборови уште повеќе ја течеа крвта.
- Таа е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментот кога таа беше дезориентирана и лута што загубила од српската натпреварувачка, лежејќи на земја не можејќи да го прифати поразот. Едноставно сакав да ја смирам и да и дадам до знаење дека и покрај поразот е вицешампионка и дека ќе има други можности - изјави Ваљмир Фетиу за „Клан Косова“.
Тој додаде дека сето тоа е српска пропаганда.
- Медиумите во Косово паднаа на српска пропаганда бидејќи се обидоа да му дадат поинаков правец на тој момент. Повторувам, јас сум нејзиниот татко, мојата сопруга исто така, мајката на Валина беше таму, неколку метри. Ниту еден Србин или Бошњак не може да ја сака мојата ќерка повеќе од нејзините родители. За овој натпревар со Валина работам 12 месеци и цел живот ќе работам за неа - изјави Фатиу.