Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Радев: Најважно е денеска да се гласа

27 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Сите сакаме да заврши овој исцрпувачки маратон на континуирани избори, но да имаме одржлив и остварлив парламент, да имаме не само редовна, туку ефикасна редовна влада која може да носи храбри одлуки и да ја води земјата кон реализација на националните важни цели, важно е овие две институции - парламентот и владата - да имаат соодветен легитимитет. А сите знаеме дека овој легитимитет произлегува од масовното, солидно учество на граѓаните на изборите. Така што мојот апел до Бугарите денеска е да гласаат. Има уште пет часа, не е малку време, апелирам секој да најде неколку минути и да излезе и да гласа, додаде Радев. 

Граѓаните на Бугарија денеска избираат 240 пратеници во 51. Народно собрание. Ова се шести предвремени парламентарни избори по редовните на 4 април 2021 година. Последните предвремени избори се одржаа на 9 јуни годинава.

Изборниот ден почна во 7 часот, а завршува во 20 часот, и може да се продолжи до 21 часот ако пред избирачкото место има гласачи кои не гласале. Гласањето во странство започнува во 7 часот и завршува во 20 часот, односно 21 часот по локално време.

На изборите за Национално собрание учествуваат 19 партии, девет коалиции и еден независен кандидат. /MИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ