Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември, Милановиќ пак ќе се кандидира

21 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Одлуката ќе стапи на сила на 28 ноември, кога ќе почне и рокот за собирање потписи за кандидатура на осмите претседателски избори од независноста на Хрватска. Кандидатите имаат рок од 12 дена да соберат 10.000 потписи на полнолетни граѓани, без разлика дали се поддржани од политички партии или се независни.

Секој избирач може да поддржи само еден кандидат со свој потпис. По 12 дена, Државната изборна комисија има рок од 48 часа да ги објави кандидатите кои ги исполниле условите за кандидирање.

Тоа значи дека изборната кампања официјално започнува на 13 декември и ќе трае до 28 декември на полноќ, односно 24 часа пред изборите, кога стапува на сила изборниот молк. Доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство гласови во првиот круг, вториот изборен круг ќе се одржи на 12 јануари.

Петгодишниот мандат на актуелниот претседател Зоран Милановиќ истекува на 18 февруари следната година. Милановиќ претходно најави дека ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат, а кандидатурата ја објавија уште 10 други кандидати.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ