Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на Н.А. од Нови Пазар, осомничен за величање на терористичката организација на Исламската држава (ИСИС) преку социјалните мрежи и споделување содржини во кои јавно повикува на извршување на терористички чинови.
Нему му е одреден притвор за да не го повтори делото за кратко време, изјави за Танјуг портпаролката на тој суд, Милица Величковиќ. Според соопштението од обвинителството, тој повеќе пати е осудуван за тешки кривични дела.
Осомничениот е обвинет дека од почетокот на 2022 година до 2 октомври годинава јавно преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објавувал содржини со кои се величи терористичката организација Исламска држава (ИСИЛ), дејствијата на нејзините членови и содржината, кои повикуваат да се извршат терористички акти,