Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Бојко Борисов и ГЕРБ победија на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на нова влада

28 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Партијата освои 26.4% од гласовите што според пресметките ќе им донесе 63 пратеници, но за мнозинство потребни им се 121, односно им недостигаат уште 58.

Со освоени 14,2 отсто или 36 пратеници втора е коалицијата „Продолжуваат промените – демократска Бугарија“, предводена од Кирил Петков, која се споменува како можен коалиционен партнер на ГЕРБ, а трета е Преродба со освоени 13,3 отсто гласови и 35 пратеници, но соработка со неа Борисов веднаш исклучи.

-Ќе коалицираме со сите кои ќе ја поддржат нашата програма. Сите се потенцијални партнери, без колегите на Преродба, кои ги поздравувам за добриот резултат, но идеолошки на базата на нашето европско семејство, тоа не можам да го дозволам. Претседателката на Европската комисија беше во Пловдив да не поддржи. Има ли друг со подобар контакт во Брисел од ГЕРБ и од нас? изјави – Бојко Борисов – ГЕРБ.

Од Продлжуваме со промените на Петков синоќа на Борисов му порачаа да каже кој му е планот како победник нагласувајќи дека нивните услови за реформи во земјата, особено во обвинителството, остануваат. И во случај да се договорат, за мнозинство на Борисов и Петков потребна ќе им биде најмалку уште една партија, што според политиколозите е тежок предзвик.. 

-Преговорите ќе бидат многу тешки, затоа што очигледно е дека ГЕРБ смета дека може да им наложи на другите. Точно е дека се победници, во смисла дека се први, но за да се вистински победници треба да имаат и мнозинство, а до мнозинство им требаат горе долу толку гласови колку и што тие имаат во моментов. Тежината на ГЕРБ не е толку голема за да си дозволат едно такво барање и диктирање, уште повеќе да се предложи гопсодинот Борисов за кандидат за Премиер. Тоа кој ќе биде премиер не е толку важно, во краен случај тоа ќе биде некој тип на полукратски премиер,- изјава – Даниел Смилов – Политиколог.

Ова беа 7-ми избори во Бугарија во последните 3 години, но ситуацијата е и речиси идентична како и досега.. Собранието ќе биде фрагментирано и составено од дури 9 партии..

За изборите се гласаше и во Македонија, но одзивот беше многу слаб. Гласале вкупно 327 бугарски држајани, од кои најголме дел, над 100, за ГЕРБ на Бојко Борисов.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ