Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Реал Мадрид во преговори за голем талент на аргентинскиот фудбал

3 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Реал Мадрид води преговори со Ривер Плата за халфот Франко Мастантуоно, откри експертот за трансфери на фудбалери Фабрицио Романо. 16-годишниот фудбалер го сметаат за новото дете-чудо на аргентинскиот фудбал.
Скаутите на Реал Мадрид се убедени дека Мастантуоно може да биде новиот Федерико Валверде.

Роден на 14 август 2007 година, талентот е цел и на Барселона и на Манчестер Сити. Пред три месеци, Мастантуоно го постигна својот прв гол за Ривер Плата на меч од Купот на Аргентина и стана најмладиот стрелец во историјата на Ривер Плата, надминувајќи го постигнувањето на Хавиер Савиола. Еден месец подоцна, Ривер Плата го продолжи договорот со својот „ученик“ до крајот на 2026 година со вклучена откупна клаузула од 50 милиони евра.

Интересно, родителите на Мастантуоно се надевале дека тој ќе стане тенисер. До 12-тата година ги практикувал двата спорта, но повеќе време поминувал на теренот со рекет во рака. Сепак, во 2019 година, Франко се нашол во фудбалската школа на Ривер Плата.
Го забележав Франко кога имаше уште осум или девет години. Но, тогаш не можев да го добијам бидејќи момчето беше голема надеж на аргентинскиот тенис. Неговите родители сакаа тој да продолжи да се занимава со овој спорт, иако самото дете секогаш сонуваше за фудбалска кариера. Она што најмногу ми се допадна беше начинот на кој тој ги носеше одлуките со голема брзина и ја држеше топката пред неговите нозе. На оваа возраст е многу тешко да се видат такви квалитети кај момчињата“, открива скаутот на Ривер ПлатаДаниел Бризуела.

Мастантуоно може да игра како офанзивен играч од средниот ред или како крилен играч. Тој е левак, има брилијантен дриблинг и одлични шутеви, вклучително и од слободни удари, многу е креативен и има лидерски квалитети.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ