Дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс заработи нова повреда и ќе го пропушти гостувањето кај Лестер. Оваа вест денеска ја потврди менаџерот Енцо Мареска.
„За жал, Рис Џејмс почувствува нешто во мускулите и не сакаме да ризикуваме. Тој нема да игра против Лестер“, изјави Мареска.
Џејмс поради низа повреди ја пропушти речиси цела 2024 година, а откако се врати одигра само четири натпревари и на теренот помина вкупно 241 минута.