Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

На денешен ден пред 10 години: Џерард се лизна и Ливерпул остана без титула! (ВИДЕО)

27 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фановите на Ливерпул секако дека 27 април 2014 година ќе го паметат како еден од најцрните денови во клупската историја. “Редси“ во тој момент ја чекаа титулата цели 24 години и до тој 27 април се беше како во бајките за култниот тим од “Енфилд“. А на тој ден пред 10 години Ливерпул играше со Челзи, меч од 36 коло во ПЛ, имаше 5 бода предност пред сините од Лондон, кои беа втори на табелата.

Со победа секако дека ќе беше се готово, но на 0:0 Џерард се лизна, Демба Ба даде гол за 0:1, на крајот беше 0:2 за Челзи и се отиде во неповрат. Ливерпул таа сезона не стана првак туки Челзи со Мурињо. Шест години подоцна Ливерпул по 30 години чекање конечно стана првак, но тој 27 април 2014 година остави белег за сите кои навиваат за “Редси“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ