Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Јунајтед водеше 3:0 против Ковентри, па преку пенал-рулет избори пласман во финале на Купот

21 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Екипата на Манчестер Јунајтед со многу мака и пот го елиминира Ковентри Сити и се пласира во финалето на ФА купот. На „Вембли“ четата на Ерик тен Хаг имаше водство од 0:3, за во финишот да ја прокоцка овозможувајќи му на противникот да постигне три гола и да изедначи на 3:3 и да го одведе мечот во продолженија и на пенали.
По првото полувреме Јунајтед имаше предност од 0:2 со головите на Мектоминеј и на Мегваер. На стартот на второто полувреме погоди и Бруно Фернандеш за три разлика за фаворитот.
Сепак, членот на Чемпионшип дивизијата успеа да постигне два гола но не и комплетно да се врати. Во 71 минута погоди Симс, а осум минути подоцна и О’Харе. Во 90 минута пенал за Ковентри по игра со рака на играч на Јунајтед, а погоди Рајт.
По продолженијата не се смени резултатот па се шутираа пенали. Касемиро промаши во првата серија, па Ковентри имаше предност за во третата серија двајца нивни играчи да промашат, а на Јунајтед да погодат па така победата ја однесоа „Црвените ѓаволи“ (2:4).
Финалето е на 25 мај на Вембли.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ