Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Гвардиола бесен по големата победа: Ова е неприфатливо, недозволиво…

21 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Манчестер Сити победи со 1:0 против Челзи во полуфиналето на ФА Купот. Јунак на победата е Бернардо Силва, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 84. минута. По натпреварот, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола беше многу лут:

„Беше неприфатливо да се игра денеска, неприфатливо е за здравјето на играчите. Не е нормално. По 120 минути против Реал… Ова е недозволиво. Не разбирам како преживеавме. Ништо нема да се промени. Луѓе, ова го велам поради здравјето на играчите, не разбирам како преживеаја.

Сакаме да играме фудбал, го сакаме овој спорт, но ова е премногу за здравјето на играчите“.

За потсетување, Сити во средата беше елиминиран од Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите по лошото изведување пенали.

Сити ќе игра во финалето на 25 мај против подобриот од Манчестер Јунајтед и Ковентри Сити, кое е закажано за денеска.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ