Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, амбасадорот на Украина во Велика Британија, Валериј Залужни, наведува дека по директното вклучување на автократските сојузници на Русија во војната против Украина, може да се смета дека е започната Трета светска војна, јавува украинскиот портал <a href="https://112.ua/en/u-2024-roci-v-ukraini-rozpocalasa-treta-svitova-vijna-zaluznij-47216">112.уа</a>
Тој ја дал оваа изјава за време на церемонијата на доделување на наградите UP-100.
„Верувам дека во 2024 година можеме апсолутно дефинитивно да сметаме дека Третата светска војна започна“.
Затоа што во 2024 година, Русија веќе не е сама во конфликт со Украина.
„Севернокорејските војници исто така се во конфликт со Украина. Да бидеме искрени“.
„Рекети од севернокорејско производство веќе летаат во Украина и отворено се зборува за тоа. Кинески гранати се разнесуваат во Украина, а кинеските компоненти се користат во руските ракети.“
„Она што се очекуваше толку долго веќе започна. Но, сакам да кажам дека самиот Бог и дава шанса, не само на Украина, туку и на целиот свет, за да можеме веќе да ги донесеме вистинските заклучоци.“
"Се уште е можно да се запре тука, на територијата на Украина. Но, поради некоја причина нашите партнери не сакаат да го разберат ова. Очигледно е дека Украина веќе има премногу непријатели. Украина ќе преживее благодарение на технологијата, но не се знае дали ќе може да ја добие оваа битка“.
„Значи, мислам дека светската војна започна“, заклучува Залужни.