Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Колумбија е уапсена нарко- кумата, поврзана со Балканскиот картел

12 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Таа е уапсена во населбата Ел Побладо во градот Меделин, пренесува El Nuevo Siglo.

„Кумата“, позната и по прекарот Гризелда Бланко, кој го добила прекарот по познатата „наркокралица“, Националната полиција ја уапсила преку Управата за борба против наркотици во координација со Обвинителството, кога била во куќа во Меделин. Таа се бара од правосудните органи во Ротердам, Холандија, меѓу другото и за кривични дела нелегална трговија со дрога и перење пари.

Руиз има криминална кариера која што траела повеќе од 20 години, за кое време успеала да се устоличи како врвен лидер на организацијата. Испраќала пратки со дрога во контејнери кои тргнале од пристаништата на брегот на Карибите со крајна дестинација во Европа.

Покрај тоа, таа склучувала договори и комуницирала преку шифрирани пораки со Балканскиот картел со цел да ги координира пратките и да избегне откривање од властите.

По неа е распишана црвена потерница на Интерпол издадена од холандската влада.

На 27 јуни 2003 година, таа била уапсена на меѓународниот аеродром Ел Дорадо за нелегално поседување 200.000 евра и одлежала 72 месеци затвор за кривично дело перење пари.

Во рацијата во која таа сега е уапсена, пронајдени се 110 милиони колумбиски пезоси во готовина, шест парчиња опрема за мобилна технологија, лаптоп, возила и накит, кои се оставени на располагање на Обвинителството.

И во Холандија, властите извршиле 34 налози за претрес, апсење на шест лица и запленети 480.000 евра, 27 огнени оружја, вклучително и пет пушки со долг дострел и 21 пиштол, пригушувачи и противтенковски ракетен фрлач, како и 14 килограми кокаин хидрохлорид. Сите уапсени припаѓаат на истата транснационална организација како „Кумата“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ