Со преброени 82 отсто од гласовите, Трамп води пред Харис во Пенсилванија. Трамп води и во Џорџија, но аналитичарот на CNN потсети дека Трамп водеше пред 4 години, но на крајот Бајден победи со многу мала разлика.
Во Аризона и Висконсин Трамп и Харис се речиси изедначени, во Мичиген предводеше Харис, но според новите податоци Трамп и таму води.
Досега Трамп освоил вкупно 227 електори наспроти 185-те на Харис. За победа се потребни 270 електорски гласови.