Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Тајани го повика Израел да ги прекине непријателствата во Газа

17 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Италија првично ги поддржа акциите на еврејската држава по нападот во јужен Израел од страна на палестинската група Хамас на 7 октомври, но неодамна ја намали својата поддршка поради илјадниците цивилни жртви во Газа.

Во интервју за весникот „Стампа“, Тајани нагласи дека војната во Газа е предизвикана од „варварскиот напад на Хамас“, но додаде дека „сепак во моментов е неопходно примирје“.

„Израел мора да ги прекине воените операции кои во голема мерка го погодија палестинското население“, додаде Тајани.

Интервјуто се одржа пред состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на италијанскиот остров Капри, чиј домаќин ќе биде Тајани. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ