Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Продолжено е гласањето во клучната држава Пенсилванија, имало проблем со пребројувањето

5 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Избирачките места во округот Камбрија ќе бидат отворени дополнителни два часа, до 22 часот по локално време.

Таа област гласаше 70 отсто за републиканскиот кандидат во 2020 година.

Пенсилванија е една од седумте клучни, т.н „swing“, држави која ќе одлучува кој ќе биде новиот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп или демократката Камала Харис.

Локалната изборна комисија излезе на суд откако утврди „софтверска грешка“ во машините за броење гласови поради што „гласачите не можат да ги скенираат пополнетите гласачки ливчиња“, се вели во судските документи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ